Охрид, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 04.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 04.03.2017 година
– На булеварот „Туристичка“, се случила крвава пресметка помеѓу две млади лица од Охрид
– Започна емисијата „Ги плаќаме Вашите сметки“ со Стрезо Стаматовски на Супер радио и О2 телевизија
– Се служеше литургија по повод празникот Тодорова сабота
– Учениците од Основното Училиште „Григор Прличев“ постигнаа успеси на Општинските натпревари по математика и физика
– Забележано намалување на цените во угостителството
– По грипот доаѓа периодот на настинките, во Охрид најмногу заболени, информираат од Институтот за јавно здравје
– Најавено годинешното издание на фолклорниот фестивал „Охридски бранови“, кое ќе се одржи на почетокот на јуни