Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 13.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 13.03.2017 година
– Охрид утрово осамна во снег
– Изминатава недела нивото на Охридското Езеро било девет сантиметри над дозволениот минимум, потврдуваат од хидролошкото одделение на Управата за хидро метеоролошки работи
– АД „Отекс“ и понатаму на врвот на листата за најголеми должници на УЈП
– Кај туристите кои го посетуваат Охрид и Македонија, во јануари годинава најбаран бил престој за хотели и тоа категориите со четири и три ѕвезди
– Охриѓанецот Васил Кузманоски избран за претседател на Нотарската комора на Република Македонија
– Од УПОЗ апелираат вработените да ги добијат целосно додатоците на плата
– Жителка на охридско пуштила во оптек фалсификувана банкнота во продавница во Битола
– Жител на ресенско измамил охриѓанец при купопродажба