Охрид, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 19.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 19.04.2017 година
– Претпладнево во Охрид беше почувствуван земјотрес
– Променливото време влијае многу на здравјето на граѓаните, потврдуваат охридските здравствени работници
– Во Центарот за социјална работа активно работи советувалиштето за родители
– Објавен е повик за обуки за граѓанско новинарство за општините од охридско
– Увозник од Охрид извршил царинска измама
– Основното училиште „Христо Узунов” се подготвува за одбележување на патронатот, четири децении од постоењето
– Песни на охридскиот поет Тоде Илиевски објавени во бугарското електронско списание „Светлина“
– Вечерва концерт на Трио „Џентлмен” во Охрид
– Отворање на изложбата на фотографии „Априлска средба“