Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 17.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 17. 05.2017 година
– Реакција на охриѓанка: Што побрзо одговорните да преземат мерки против кучињата скитници
– Кристијан Китанов, ученик во Средното угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид, освои сребрен и бронзен медал на Гастрономскиот фестивал во Крањска Гора, Словенија
– Државна статистика анализира: Во Охрид најмногу бракови се склучуваат во август
– Охридски ученици постигнаа одлични резултати на Регионалниот натпревар „Пионерски семафор-2017“
– Дамјан Пејчиноски ги најавува своите следни концерти во Косовска Митровица и Њујорк
– In Between ќе одржат џез концерт во Охрид
– Грин Бич Фестивалот кој ќе се одржи во Охрид, ја надополнува програмата со Маурицио Шмиц, Горан Кан и Васо
– Македонски и бугарски хип-хоп артисти летово со заеднички настап во Охрид и други градови