август 19, 2017

Охрид, 19. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_3597

Охрид во 10 на 19. август 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 19.08.2017 година

– Во Охрид денес сончево и топло со температура до 34. степени

– Денеска е Преображение Христово

– Учениците се враќаат во школските клупи на 4-ти септември

– Точно напладне стартува 31-от Охридски пливачки маратон

– Осма Школа за млади лидери на претседателот Иванов во Охрид

– Александар Студински и Барбара Позобон победници на Охридскиот пливачки маратон

Копров: „Охрид фест“ ги поддржува младите таленти, драго ми е што Андреа и Емилија од OhridSUPERSTAR ќе бидат дел од него

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука