ноември 28, 2017

Охрид, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9658

Охрид во 10 на 28. ноември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 28.11.2017 година

Министерски состанок на САД – Јадранска повелба во Охрид

– Денес ново рочиште во повторениот процес за убиството на Димитар Матилоски

Ристеска Тодороска: Децата од најмала возраст треба да ја научат вистинската намена на компјутерот

МАНУ ќе промовира книга од академик Цветан Грозданов

– „Република“: Во акцијата на полицијата приведени и охриѓаните Василевски и Арнаудов

– Започна главната расправа, на Угреновиќ ќе му се суди во отсуство

– Осомничени 36 луѓе за терористичко загрозување на уставниот поредок, меѓу нив и две лица од Охрид

Историски час по повод 74 годишнината од Второто заседание на АВНОЈ

– Наставниците по германски јазик од Охрид на обука за поттикнување на комуникацијата кај учениците

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука