ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од „Акватек“ го извадија од езерото и казанчето од WC-то (Фото)

Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Нуркачкиот центар „Акватек“ дел по дел го вадат „комплетното WC“, кое „најдобрите“ меѓу нас го фрлиле во водите на Охридското Езеро.

Последно беше извадено казанчето од WC-то, кое само го комплетира нашиот колективен срам и негрижа за езерото.

– На неколку метри од брегот, помеѓу плажата Срјшче и Мостот на Желбите на длабочина од 2 метри лоцирано е казанче од тоалетна опрема. Сигурно кога дувнало јак југ го повлекло од некој тоалет, напиша Никола Паскали од Нуркачкиот Центар „Акватек“.

Image may contain: outdoor

Супер радио и OhridPress предлагаат да се зачуваат сите овие „експонати“, па да се склопи WC-то на Градскиот плоштад, да биде за УМ на сите.

Image may contain: outdoor and food

Претходно од езерото беше изваден бојлер, плочки, када и скоро се’ што е потребно за едно WC. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Акватек

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави