Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Во Охрид ќе се дефинирааат приоритетите на соработката за „мал Шенген“

Белград/Охрид, 6. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Состанокот овој викенд во Охрид ќе ги дефинира приоритетите на таа соработка, со цел јакнење на регионалната соработка, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој нагласил дека Србија мора да продолжи со европскиот пат и оти затоа е важна поддршката на ЕУ во спроведувањето на реформи и на регионалната соработка.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред два дена разговараше со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев за претстојната средба во Охрид, на која ќе продолжат разговорите за воспоставување „мал шенген“.

Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се наоѓа зад работната маса, покрај телефонот и бројните документи, како и фотографија со неговите соработници, со порака „одличен конференциски разговор со Рама и Заев пред важниот самит во Охрид на 9-ти ноември“.

Вучиќ разговaрал со Заев и Рама за „мал Шенген“ на самитот во Охрид.

– Документот кој ќе го видите е заснован на слобода на проток на капитал, роба, услуги и луѓе затоа што мислам дека луѓето во нашите земји заслужуваат подобар живот и помало невработување, рече Вучиќ на последната средба, која на 10-ти октомври се одржа во Нови Сад.

И Рама и Заев истакнаа задоволство од овој договор, кој според најавите, би требало да стапи на сила во 2021 година. Премиерот Заев рече дека сите шест земји од Западен Балкан треба да се приклучат на иницијативата за поблиска економска интеграција на земјите од регионот. Заев рече дека Македонија ја поддржува иницијативата, затоа што треба многу повеќе да се направи за економска конвергенција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави