јули 23, 2024

Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – За само еден ден популарните Владо Броз и Dj Марама комплетно го распродадоа настапот предвиден за овој петок во популарното охридско Форт Кафе.

– Она што започна со Оливер Драгојевиќ и продолжи со Здравко Чолиќ, експлодираше со вечерта посветена на музиката на Ѓорѓе Балашевиќ. Сите кои беа на овие забави знаат за што зборуваме и каква атмосфера имавме. Токму затоа, резервациите за настапот во петок се пополнаа са помалку од еден ден и апелираме за настаните кои престојат да се прават побрзо, порачуваат од Форт Кафе.

Владо Броз и Dj Марама деновиве ќе бидат актуелни и по новата песна која ја подготуваат со познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, кој неодамна откри дека го подготвува новиот летен хит за овие момци, кои важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука