август 29, 2019

Охрид, 29. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите на „Акватек“ продолжуваат со потенцирање на неодговорноста на поединци меѓу нас, кои повторно и повторно фрлаат ѓубре во водите на Охридското Езеро.

Овој пат тие имаат нов „плен“ – делови од правосмукалка и перална кои деновиве ги лицираа во езерото.

– Делови од правосмукалка и перална се лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на Желбите, на длабочина од 3 метри. Продолжуваме со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и дислокација на истиот. Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател човекот, порачуваат од „Акватек“.

Image may contain: plant and outdoor

Неодамна тие го привлекоа вниманието на јавноста со скоро комплетниот „тоалет“ кој го извадија од езерото, вреќата со плочки и бојлерот.

Нуркачот Никола Паскали неодамна во интервју за емисијата Радио Корнер на Супер радио подвлече дека отпадот кој го сретнуваат под вода, ја покажува нашата ниска колективна свест во поглед на заштита на езерото.

Ваквите поразителни постапки уште еднаш го отсликаа нашиот заеднички, а во овој случај поединечен срам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Нуркачки центар „Akvatek“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука