Охрид, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 01.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 01.03.2017 година
– Во Охрид преовладуваше облачно време со локален дожд.
– Според изборниот законик, до понеделник треба да се распишат редовните локални избори.
– Охриѓанецот Љупчо Стојкоски – Лепи сними ново видео за подмладокот на Охридската пастрмка.
– Најавен собир на граѓаните за „Заедничка Македонија“.
– Управата за јавни приходи со објаснувања до граѓаните за најчесто поставуваните прашања за доставување на Годишна даночна пријава.
– Компаниите од охридско – струшкиот регион бараат еднакви развојни можности за водење бизнис, како и развој и подобрување на локалната инфраструктура.
– Поезија од постхумно објавената поетската книга „Време прашина“ на охридскиот поет Радически објавена на украински јазик.
– Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ театарската група „Аматер“ ќе ја изведе премиерата на претставата „Буре барут“.
– Поднесена кривична пријава за охриѓанец поради поседување дрога.