јануари 11, 2017

Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


img_7761
Охрид во 10 на 11.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 11.01.2017 година

– Охридско – Струшкиот регион во жолта фаза порани ниските температури.

– И годинава се очекува масовна посетеност за празникот Водици, Светиот крст ќе се фрла на градското пристаниште во 10 часот, информираше Координативното тело за организација на манифестацијата Богојавление Водици 2017.

– Советот на општина Охрид ќе донесе одлука за висината на отштетата која ќе ја добие семејството Садик, чиј дом изгоре во пожар, отворена сметка и за странски донации.

– Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ ги презентираше збирните резултати од сите реализирани акции и настани во минатата 2016 година.

–  Преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 2016 година патувале 1.8 милиони патници.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука