јули 14, 2017

Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_2493
Охрид во 10 на 14.07.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 14.07.2017 година

Метео: Сончево и топло со умерена облачност и температура до 29. степени

– Купете Nescafe и поблиску сте до една од 1.406-те награди со „Тамаро

Свети маченици Козма и Дамјан

– „Тамаро 7“ маркетот го прослави третиот роденден со бројни награди и изненадувања за потрошувачите

– Кривична за охриѓанец кој ограбил работилница за мебел

– Летна академија на тема обновливи извори на енергија се одржува во ОУ „Братство и единство“

Земјотрес со јачина од 3.3 степени регистриран во Охрид

Црвен крст Охрид излезе со Кодекс за безбедност на вода

– Анкета на АВМУ: Супер радио и во периодот мај-јуни 2017 година останува на врвот!!!

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука