Охрид, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 15.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 15. 05.2017 година
– Во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ во Љубаништа, се служеше света архиерејска литургија по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“
– Реализирани две запрашувања против комарци, следното ќе се изведе кон крајот на месецов
– Експерти на друштвото на научници за блатни екосистеми од денес во посета на Охрид и Скопје
– Кривична пријава за лица од Скопје кои нападнале лица во кафе бар во Охрид
– Од денес достапни прашањата од екстерното тестирање
– Зголемување на цените на земјоделските производи
– Намалени цените на нафтените деривати
– Во среда апсолвентска вечер за апсолвентите на ФТУ — Охрид
– Клубот „Хваранг Фист“ освои 9 медалји на Таеквондо Турнир „Илинден Опен 2017“
– На 30 мај најавено гостувањето на детскиот фестивал „Поточиња“ во Охрид