јануари 17, 2017

Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_7821
Охрид во 10 на 17.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 17.01.2017 година

– Охрид ќе црпи јапонски искуства за заштита на езерото

– Во Охрид започна Петта Меѓународна конференција за културно наследство и туризам

– Супер радио останува водечка радио станица во својот регион за 2016-та година, според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија

–  Зголемување на цените во земјоделството претежно на производите од растителното производство

– Вечерва прикажување на документарниот филм „Танцот на пастрмките“ на нуркачкиот центар „Амфора“

– Охрид, заедно со Скопје и Битола ќе биде вклучен во годинешниот најголем интернационален настан за креирање и правење на игри, Global Game Jam од 20-ти до 22-ри јануари

– Дирекцијата за заштита на личните податоци препорачува намалување на објавите на податоци на граѓаните на порталите

– Охриѓанецот Славчо Мирчевски прогласен за најдобар атлетичар на Македонија за 2016 година

– На забавата во Mr.I собрани 45 илјади денари за помош на семејството Садик

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука