Охрид, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 23.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 23.03.2017 година
– Марија Лебедик, внука на Никола Исаија Чудов сака јавноста да дознае за заслугата на нејзиниот дедо за засадувањето на дрвото кочеџик, кое се наоѓа во дворот на црквата Света Богородица Перивлепта
– Бугарските туристички агенции најавуваат зголемена посета на бугарски туристи во Охрид за Велигден
– Минатата година на ФТУ докторирало едно лице, а магистрирале 20 лица
– Вкупно 22 семејства лани ги искористиле услугите на советувалиштето за брак и семејство
– Хотели „Метропол“ АД Охрид за оваа 2017 сезона очекуваат зголемување на приходите за 10%
– Безбедноста во сообраќајот во Охрид ќе се следи со примена на индикатори
– Излезе од печат новата книга „Задачите се зададени“ на охридскиот поет Зоран Јакимоски
– Охриѓанка заработи кривична пријава поради давање лажен исказ
– Поднесена кривична пријава за жител на Жировница кој користел дрога во Охрид
– Новоформираното школо за ракомет „Охрид“ започнува со тренинзите од оваа саботa