Охрид, 24. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 24. септември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 24.09.2017 година
– Во Охрид денес сончево со мала до умерена облачност и температура до 23. степени
– СДСМ повикува на фер „борба“ на престојните избори
– Девет години од загинувањето на диџеј Пантер и диџеј Бруце
– Полицаец со службено возило прегази велосипедист во петокот во Охрид
– Кандидатите со заедничко кафе и подадена рака ја почнуваат кампањата во Охрид
– Кандидатите за градоначалник на Охрид го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори
– Од ЕЛЕМ уверуваат дека водат сметка за нивото на Охридското Езеро
– Жанко ЗШ и ЗШ Авантура денес освоија два врва во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце
– Од утре стартува усогласувањето на броилата за ефтина струја