јануари 25, 2017

Охрид, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_7895
Охрид во 10 на 25.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 25.01.2017 година

– Во прекин сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен.

– Привремено е запрена  авиолинијата Охрид-Лондон, Лутон, нови летови од март годинава.

– Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети ќе го организираат талент шоуто Ohrid Superstar.

– Започна со работа Queen`s Espresso Bar кој ќе работи во склоп на новиот ТЦ на КАМ во поранешен „Отекс“.

– МЈП „Проаква“ ги информира граѓаните дека ќе се врши  исклучување на канализациони мрежи кои се диви приклучоци.

– Златната маска и ракавица од Охрид дел од Водичот на Археолошкиот музеј на Македонија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука