Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 28.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 28.02.2017 година
– Последен ден од пријавувањето за талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, кое го организира Супер радио и „Тамаро маркети“.
– Повторно изречена казна доживотен затвор за Бојан Петрески во случајот „Император“.
– Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска информираше дека членови на политичка партија ѝ се заканувале за време на преслушувањето на лица во Охрид.
– Во Охрид се одржа марш и атлетски крос за одбележување на Денот на ретки болести.
– Бизнис Конфедерацијата на Македонија во Охрид организираше деловна средба со претприемачите на компаниите од охридско – струшкиот регион.
– Се одржа шеесет и осмата седница на Советот на општина Охрид, на дневен ред беа точки за одлуката за извршување на буџетот на општината, програмата за развојот на туризмот, утврдување на висината на надоместокот на услугите на ЈП„Градски гробишта“.
– Преку Охридскиот и Скопскиот аеродром поминале три милиони патници на компанијата Виз ер.
– За граѓаните достапен Графички регистар на Агенцијата за катастар за подобар увид во урбанистичките планови.
– Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец од Меѓународниот турнир Србија Опен 2017 се врати со 25 медали и пехар за 3 место како најдобар клуб.
– Најавено учеството на охриѓанката Мартина Мироска на атлетско Европско првенство во сала, кое ќе се одржи во Белград од 3-ти до 5-ти март.
– Започнува пријавување на млади таленти за вториот фестивал „Фолклорна бајка“.
– Кривична пријава за охриѓанец кој се обидел да ограби маркет.