Охрид, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 31.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 31.03.2017 година
– Мери Нанче, граѓански еко – активист, во интервју за Супер радио апелира грижата за чист Охрид да биде преку активно и практично делување, а не само декларативно
– Во пресрет на утрешниот ден – 1 Април, Меѓународниот ден на шегата, најмладите охриѓанчиња со нивните маски продефилираа на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“
– Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот кој ноќеска опожари возило во Охрид
– Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот го одбележува 31 Март, денот на возачите, а пред почетокот на сезоната со апел до мотоциклисти да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот
– ДНК во соработка со режисерот Даниел Јовески, во Охрид снимаат сцени од спотот за песната „Невозможна мисија“
– Дваесет и две годишен охриѓанец украл велосипеди и покуќнина од дом во Охрид
– Тешка кражба извршена во магацин на патот Кичево – Охрид