Охрид, 4. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 04.06.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 04. 06.2017 година
– Метео: Денес сончево време со умерена облачност, попладне дожд
– Паднати сообраќајни знаци – Да почекаме, „можда“ сами ќе се поправат (Фото)
– Духовден – Слегување на Светиот дух и роденден на Христовата црква
– Се скрши голема гранка од дрво во центарот на градот, нема повредени
– Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова најбрзи на првиот „Охрид трчаТ“ (Фото)
– Супер радио и OhridSUPERSTAR дел од „Охрид трчаТ“ со поддршка на лицата со ретки болести