јануари 5, 2017

Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

ohridvo10_05_01_2017
Охрид во 10 на 05.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

инфо: 05.01.2017 година

–  Утрово беше отежнат сообраќајот на патиштата во Југозападниот дел од републикава, имаше врнежи од снег со послаб интензитет на планинскиот превој Стража.

– Се отслужи утрената литургија и богослужба во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски во чест на Свети Наум Охридски Чудотворец.

– Централниот Регистар на Република Македонија со решение на Основен суд Охрид побара стечај за охридски ЕМО.

– Меѓународното жири на Охридската академија на хуманизмот одлучи Светската награда за хуманизам за 2017 година да му ја додели на големото име на чешката и светската кинематографија – Јиржи Свобода.

– Ротаракт клубот „Охрид“ за хуманитарната Бадниковата акција одлучи собраните средства да бидат наменети за здравствениот третман на Јана Арсовска на клиниката во Фленсбург – Германија.

– Бројот на заболени лица од грип во Охрид е 260 лица, лекарите советуваат да се консумира вода и чаеви за превенција.

– Според извештајот  на Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги останале на исто ниво.

– Градежен работник се повреди при работа на автопатот во изградба Кичево-Охрид.

– Снегот го отежнува сообраќајот преку „Стража“.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука