Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Она што започна кон крајот на мај, со мерак-вечерите посветени на музиката на Оливер Драгојевиќ и продолжи со Здравко Чолиќ и Ѓорѓе Балашевиќ синоќа го имаше августовското издание со музиката на легендарните Тереза Кесовија и Дорис Драговиќ и популарните Владо Броз и Марама.
Специјална гостинка на вечерта беше Емилија Маринова, која направи посетителите да имаат уште една вечер за паметење.
Со тоа, од Форт Кафе го продолжи супер-успешниот концепт наречен „Мерак Моменти“, со кој полека се издвојуваат во стандардната понуда во Охрид, но и многу пошироко.
– Сите кои ги посетуваат нашите забави знаат за што зборуваме и каква атмосфера се создава. Синоќа имавме уште една ваква вечер, со многу мерак за нас и за нашите пријатели, кои не посетија во огромен број. Зш меракот е најважен, порачуваат од Форт Кафе.
„Мерак моментите“ во Форт кафе се уште едно заедничко дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing