мај 27, 2023

Охрид, 27. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го најавува дуетот со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ.

Теодора на нејзиниот профил на Instagram објави неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати.

Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо.

– Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува. Се надевам дека до следната година ова време ќе излезе, напиша Теодора.

Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 10 милиони прегледи на одличната песна „Bella“.

Младиот trap артист со музика започна да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: reporter.mk/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука