Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Христијан Настески Пајак и Mc Stojan го објавија новиот Балкански хит „Мала моја“ (Видео)

Охрид, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младото, супер талентирано момче, 22-годишниот охриѓанец Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања за сите кои ја почитуваат неговата музика.

Откако неодамна го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска, кој веќе има над милион прегледи на YouTobe, и заедно со Лара Иванова ја надминаа фантастичната бројка од над 10 милиони прегледи на песната „Bella“, Пајак оствари соработка со популарниот Mc Stojan, со кого го промовираа новиот Балкански хит „Мала моја“.

Младиот trap артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука