ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Струга ТОП ВЕСТИ

Кадриу: На Меѓународниот Универзитет во Струга во октомври почнуваме со настава на факултетот за медицински сестри, ако некој сака да практикува самоволие и дневна политика, ќе поднесеме тужби со оштетни побарувања

Струга, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Меѓународниот Универзитет во Струга (МУС) во октомври почнуваме со настава на факултетот за медицински сестри, ако некој сака да практикува сајоволие и дневна политика, ќе поднесеме тужби со оштетни побарувања, вели во интервју за Al Jaazera Balkans сопственикот на Универзитетот Армен Кадриу.

Ако државата сака да ни наштети по секоја цена и преку вас медиумите да прави притисок и да го кочи проектот на МУС, ние со нашите партнери од Европска асоцијација на Универзитети, конкретно Медицинскиот универзитет во Сегит, ќе продолжиме да работиме во таа насока. До сега од одборот за Акредитација, немаме добиено никаво решение, освен она што го слушаме и читаме по медиумите, но и претходно читавме дека МУС нема право да запишуваме студенти и дека сме добиле негативно решение, но испадна дека лажат и дека сме добиле позитивно решение, па го поништиле. Второ, нема надлежност одборот за акредитација да поништува Решение за акредитација. Ексклузивна надлежност законска за такво нешто е на Министер за образование и наука, вели Кадриу во дописот до нашата редакција, во кој се поместени поенти од интервјуто.

Тој додава дека државата тргнала кон конкуренцијата заради политички причини, кон елиминирање на квалитетите на самите државни универзитети, дека се оформиле два државни универзитети во Штип и Охрид, кои се формирани само за да му наштетат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во Албанскиот дел исто така се формирани други универзитети со цел да се наштети и да се стави под капа и политичко влијание државните Универзитети.

– Нашата идеја и потреба за основање на медицинска школа потекнува од Република Албанија. 90% од нашите студенти се државјани на Албанија. По исцрпни истражувања кој беа спроведени во Албанија, втор факултет по атрактивност по избор на матуранти, поле факултетот за информатички технологии е факултетот за медицински сестри. Од тука ние затоа го отвараме факултетот заради матурантите од Република Албанија, а не ја увидовме потребата да се јавуваме кај македонските матуранти, исто како и факултетот во Гостивар кој отвори паралелки за медицински сестри за потребите на Република Турција. Факултетот за медициски сестри во Тетово има над 500 студенти од Пакистан, а тоа никој не сака да го коментира, тогаш зошто нас не коментираат, вели Кадриу.

Тој е дециден дека во октомври ќе започнат со настава на факултетот за медицински сестри.

– Доколку некој сака да практикува самоволие и дневна политика, тогаш ќе поднесеме тужби со оштетни побарувања, а имаме партнери и институции надвор од Македонија, кои ќе не поддржат со нивните студии да го надминие овој бај-пас. За жал ниту медиумите, а посебно стручната јавност не се занимава со овие лица кои одлучуваат отворање и развој на факултетите. Јас ја повикувам владата на првата наредна седница да покаже дух за квалитетот во високото образование веднаш и неодложно да го разреши од функција претседателот на одборот за акредитација, затоа што тој е назначен по предлог на влада и да не дозволи во рок од 7 до 10 дена да држи седници на одбор за акредитација каде што е поставен на над 50 студиски програми како претседател на стручна комисија, само за 45 дена. Ова е веќе рак рана и ги повикувам медиумите и јавноста да се позаниаваат како работи овој одбор за акредитација, а не да се занимаваат само со Струшкиот Универзитет, кој за жал после Балканскиот ги има најдобрите просторни и академски услови во Македонија, потенцира Кадриу.

Тој открива дека на нивниот Универзитет, од основањето во 2007 година до денес вкупно дипломирале 1.600 студенти, односно по 200 студенти годишно, од кои само 15 до 30 студенти се македонски државјани.

– Отворено прашувам, дали овие дипломирани 30 студенти го уништуваат квалитетот на високото образование во Македонија? Ве молам, само на еден Универзитет во Тетово и во Скопје или Битола, дипломираат за една година онолку студенти колку кај нас за 20 години. Замислете, во Охрид имаме Универзитет каде има повеќе вработени хигиеничарки од професори и наставен кадар. Тој факт сите го знам и молчат. Нема органи, нема Сенат, нема Наставно-научен совет, нема Декани, нема продекани, а сепак си функионира и никого мрава не го лазе, вели Кадриу. (Крај)

Повеќе на темата:

Меѓународниот универзитет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби дозвола да основа Факултет за здравствени науки

Медицинскиот Факултет на Меѓународниот Универзитет во Струга нема да започне со работа се’ додека не се исполнат условите за акредитација на студиските програми

Поништена акредитацијата за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга 

извор: ОхридПрес/Al Jaazera Balkans фото: International University Of Struga

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука