јануари 13, 2017

Охрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_7769
Охрид во 10 на 13.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 13.01.2017 година

– Настана дефект на водоводна линија во населбата „Христо Узунов“, при што граѓаните неколку часа беа без вода.

– Започнуваат Василичарските традиционални настани, Карневалот во Куратица и Традиционален настан во Ботун.

Проектот за експресниот пат на Галичица е економски неоправдан и ќе го наруши природното движење на планината и националниот парк, реагира Драгана Велковска, активист на Граѓанската иницијатива Охрид SOS.

– Продолжен е зимскиот распуст за учениците до 23-ти јануари.

– Зголемување на бројот на одобренија за градба во Охрид.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука