март 11, 2017

Охрид, 11. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9127
Охрид во 10 на 11.03.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 11.03.2017 година

Првата аудиција на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, во организација на Супер радио, ќе се емитува вечерва во живо на О2 телевизија

– Доделени две награди на верни купувачи во „Тамаро маркетите“ преку емисијата „Ги плаќаме Вашите сметки“ на Супер радио и О2 телевизија

– Најавена инвестиција од 5,5 милиони евра  за специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“

– Татјана Узуноска Тренеска, уметнички директор на Културно – уметничкото друштво „Ѓердан“ од Охрид, во интервју за Супер радио и OhridPress ги најави идните активности на друштвото

– Државната компанија ЕЛЕМ од средината на март потврди дека ќе има увоз на струја

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука