Охрид, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 16.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 16.03.2017 година
– Три лица од Охрид и едно од Струга повредени во синоќешната сообраќајка на патот Охрид-Струга
– Охридската полиција поднела 10 пријави за возачи поради неносење зимска опрема за возилата
– Охриѓанецот Петар Поповски, проф на Универзитетот во Алборг, Данска продолжува со истражување на полето на безжичната 5G технологија
– Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески” се вклучија во хуманитарно – еколошката акција „Едно капаче- една надеж”
– Народен театар Охрид со копродукцијата на претставата „Дениција“ ќе гостува на театарскиот фестивал „Белазора“ во Свети Николе
– Охридската пејачка Симона Попоска и ДЈ Ерик Фокс од групата The Sound Messengers напредуваат на светскиот музички пазар, бразилски продуценти направија ремикс за нивната песна „Love Me“
– Поднесена кривична пријава за скопјанец кој користел дрога во Охрид