Охрид, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 20.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 20.04.2017 година
– Утрово се служеше Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео за празникот Светли Четврток
– Галичица покриена со снег
– Здружението „Во твоја слава“ додели вредносни ваучери за 40 социјално загрозени семејства од Охрид
– Во Југозападниот регион се создава повеќе комунален отпад, околку што се подигнува
– Бројката на наставен персонал на ФТУ е 34 лица, додека на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ изнесува 30
– Црвен крст ги повикува граѓаните да се приклучат во Неделата на солидарност
– Трио „Џентлмен” ја импресионираа охридската публика со одржаниот концерт
– Отворена изложбата на фотографии „Априлска средба“ од тројца автори
– Во најава дека претставата „Дениција“ во копродукција на Охридскиот театар, ќе биде изведена во Брисел
– Наскоро Сашко Коцев во Охрид ќе гостува со стенд ап комедијата „Детоксикација“
– Се одиграа натпреварите во шах за ученици во рамките на училишната спортска лига