Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 26.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 26.04.2017 година
– Охриѓани дадоа поддршка на иницијативата за собирање потписи за лицата со посебни потреби и апелираат: Секојдневно да им се помага на овие лица
– Состојбата на веслачкиот клуб „Југ“ и измените во општинскиот буџет ќе се најдат на утрешната седница на совет
– Италијански и француски туристи деновиве го истражуваат Охрид
– Голем дел од палмите засадени во Охрид, Струга и другите градови, завршија на депониите
– Еколозите со став, доколку се планира и гради, Охрид да се сочува еколошки чист
– Оштетен вториот чинар, падната поголема гранка
– И понатаму отпад на Галичица
– Се одржа работна средба за „Права и обврски кои произлегуваат од законот за работни односи и колективни договори”
– Учениците од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ успешно се претставија на „Образовното рандеву“
– Најмладите од градинката „Лихнида“ ја посетија езерската полиција
– „Охрид градот на светлината“ е името на новиот филм на Илија Пиперкоски
– Украдени вредни музички инструменти од куќа во Охрид
– Денес промоција во Скопје на книгата „Извештаи на рисот“ од охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски и уметникот Сергеј Андреевски
– Балетското училиште „Bullfrogs Ballet School“ од Скопје, најави дека и ова лето во Охрид ќе организира летни балетски школи