Охрид, 6. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 06.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 06.05.2017 година
– Православните, но и други верници го одбележуваат празникот Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден
– Со повеќе активности во Охрид и Струга одбележан Денот на Дрим, Ѓоко Зороски од ЕК „Грашница“, апелира: Извориштето на Дрим е во Македонија, активно можеме да влијаеме на негова еко – заштита
– Според статистиката на Црвен крст Охрид, над 20% од граѓаните на Охрид умеат правилно да дадат прва помош
– Охриѓанецот Никола Недески работи во центарот за инјектирање дроги во Сиднеј
– Младите од охридската гимназија ќе го претставуваат Охрид на Државниот натпревар во прва помош
– На натпреварите во шах и пинг понг од Училишната спортска лига учествуваа ученици со посебни потреби
– Вечерва Сашко Коцев со стенд ап настап пред охриѓани
– Четкар вечерва настапува во Њујоршкиот клуб „Би Би Кинг Блуз Клуб“