Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 11. мај 2017

Охрид, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1556

Охрид во 10 на 11.05.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 11. 05.2017 година

– Претседателот на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми ќе дојде во посета на Охрид и Скопје

„Отекс“ АД Охрид најголем должник на УЈП според најновата листа

– Охрид е вклучен во проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“

– Сојузот на акцијаши и волонтери ќе организира меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“

– Во пресрет на втората полуфинална вечер на Евровизија, музичарите Ѓоко Танески и Дамјан Пејчиноски велат дека годинава Македонија на Евровизија има одлична песна

– Државната статистика информира за намалување на бројот на издадени одобренија за градба во Охрид, во март годинава биле издадени 4

Ангела Маркоска, учесник на Ohrid SUPERSTAR, во интервју за Супер радио вели дека во иднина се гледа на филмското платно

– При крај е снимањето на филмот „Дедо и внук” на охридскиот режисер Илија Пиперкоски

Поезија на Славе Ѓорго Димоски презентирана во Софија

– Македонија очекува да го добие Европското Првенство во ИАИДО 2019 во Охрид

– Линијата на еколошки  производи за чистење од брендот Green bsn достапни и во Охрид

– Се одигра турнирот во баскет за основните училишта во организација на Сојузот на училишни спортови

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука