јули 3, 2017

Охрид, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_2401
Охрид во 10 на 03.07.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 03.07.2017 година

– 3,7 степени – нов земјотрес ги вознемири Охриѓани

– Денес намалување на температурите, во Охрид максимални 24. степени

– Охрид го чествува Свети Наум Охридски Чудотворец

Преданија и легенди за Свети Наум Охридски Чудотворец

– Реки граѓани вчера и денес го посетуваат манастирот Св. Наум (фото)

– Повторно земјотрес во Охрид, најсилен досега

– Што остави земјотресот зад себе (фото)

– Моментот кога се случи големиот земјотрес во Охрид (Фото/Видео)

– Купишта ѓубре и градежен шут депонирани во НП „Галичица“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука