септември 21, 2017

Охрид, 21. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4466

Охрид во 10 на 21. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 21.09.2017 година

– Денес во Охрид променливо облачно и посвежо време со температура до 16. степени

– Рождество на Пресвета Богородица

– Обичаи и верувања за Мала Богородица – празник на Мајката на сите мајки

– Рокот за изградба на автопатите продолжен за една година

– Истражување БИРН: Во мандатот на Бакрачески не е завршен ниту еден ветен приоритетен проект

– Ветеринарните комори на Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија во Охрид ќе потпишат договор за соработка

– Повторно видно намален водостојот на Охридското Езеро (Фото)

– Во сабота протест против изградбата на депонија во Дебрца

– Охриѓанец ја претепал 80-годишната баба

– ОУ „Григор Прличев“ доби донација во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“

– Утре календарски почнува есента

– Пановски за „Радио Корнер“: Водењето грижа за езерото е проблематика и предизвик за целиот регион

– Утре Ден без автомобили во Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука