Охрид, 25. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 25. септември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 25.09.2017 година
– Времето во Охрид облачно и свежо со повремен дожд и температура до 17. степени
– Стартува кампањата за локалните избори
– Дебрчанец фатен во обид да украде лимови од фабриката „ЕМО“ во Лешани
– „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“: Секој ден поблиску до одговорот на сложувалката на терасата на „Shilla“
– Наскоро хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“
– Стојаноски: Ќе создадеме отворена и услужна општина за сите
– Тешка сообраќајка кај Стража, автомобил удри во камион со охридски таблички