ноември 19, 2017

Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9541

Охрид во 10 на 19. ноември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 19.11.2017 година

Општина Охрид: Преземени се сите мерки, бродот ќе се вади утре (Фото/Видео)

– Од „Чист Охрид“ апелираат до ЈП „Охридски Комуналец“ да се исчисти делот кај болницата

Society of Wetland Scientists со поддршка Охридското Езеро и Студенчишко Блато да се прогласат за Рамсар подрачје

Празни каси во 20 општини, охридската со „најдолг стаж“

ДИЖС: Ќе се превземат сите законски мерки за нафтената дамка во каналот Студенчишта

– Управување со ризиците од поплави и тематски студии за Дримскиот басен во фокусот на 5-та Конференција на заинтересираните страни за управување со него

– Од утре Семос едукација стартува и во Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука