ноември 20, 2017

Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9547

Охрид во 10 на 20. ноември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 20.11.2017 година

– Забавен ден со сериозна порака во ОУ „Григор Прличев“: „Децата ги превземаат училиштата

– „Совест“: На охридското старо градско јадро не му треба минаре високо 32. метри

Кривична за охриѓанец поради бесправно градење

Кривична за ресенчанка поради бесправна градба во Елешец

Литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“

– Локалната иницираше акција за чистење на делот кај охридската болница

– Денес ќе се вади бродот „Мис Стоун“ од каналот Студенчишта

– Здружението „Совест“ денес со нови детали за градењето на минарето на Али пашината џамија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука