Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 1. декември 2017

Охрид, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9677

Охрид во 10 на 1. декември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 01.12.2017 година

– Во Охрид се очекува да наврнат над 50 л/м2, температура до 11. степени

– Светскиот ден на борба против СИДА ќе се одбележи и во Охрид

– Денес ден на рециклирање за животната средина во СОСУ „Кирил и Методиј“

Министерски состанок на САД – Јадранска повелба во Охрид

Нов дожд, стари проблеми, има ли решение за „Коста Абраш“? (Фото)

– Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации

– Света архиерејска литургија во Каменско по повод празникот Пречиста

– Собранието им го одзеде имунитетот на шестмината пратеници, меѓу нив и на Арнаудов и Василевски од Охрид

Дејан Блажески поднесе оставка од сите политички функции во ЛДП

– „Совест“: Може ли џамија без минаре? Може

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука