декември 18, 2017

Охрид, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_0233

Охрид во 10 на 18. декември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 18.12.2017 година

– Охрид „обелен“ од првиот снег оваа година (Фото)

– Света архиерејска литургија по повод празникот Св.Никола

– Во четврток седница на градскиот совет, опозицијата најави бојкот на работата

– Ново рочиште во повторениот судски процес за убиството на Димитар Матилоски

– Продолжува новогодишното украсување на градот (Фото)

– Стопиран проектот за реконструкција на Алипашината џамија, ИВЗ деновиве ќе излезе со официјален став

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука