септември 4, 2019

Охрид, 4. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Една вреќа со градежен шут и една стара мрежа извадија денес од водите на Охридското Езеро нуркачите на клубот „Акватек“, кои периодов наназад се покажаа како вистински „чистачи“ на езерото.

– Имаме едно правило, кога ќе наидеме на најлонска ќеса ја земаме и собираме отпад во истата. Денеска со Филип најдовме две и ги наполнавме со отпад, една вреќа со градежен шут и една стара мрежа. Продолжуваме, велат од „Акватек“.

Image may contain: plant and outdoor

Image may contain: outdoor

Image may contain: plant, tree and outdoor

Неодамна тие го привлекоа вниманието на јавноста со скоро комплетниот „тоалет“ кој го извадија од езерото, деловите од правосмукалка и перална, вреќата со плочки и бојлерот.

Нуркачот Никола Паскали неодамна во интервју за емисијата Радио Корнер на Супер радио подвлече дека отпадот кој го сретнуваат под вода, ја покажува нашата ниска колективна свест во поглед на заштита на езерото.

Ваквите поразителни постапки уште еднаш го отсликаа нашиот заеднички, а во овој случај поединечен срам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Нуркачки центар „Akvatek“

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука