Охрид, 18. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Нуркачкиот центар „Акватек“ дел по дел го вадат „комплетното WC“, кое „најдобрите“ меѓу нас го фрлиле во водите на Охридското Езеро.
Откако неодамна го извадија казанчето од WC-то, сега и миjалникот го комплетира нашиот колективен срам и негрижа за езерото.
– Продолжуваме со доопремување на апартманот… Mиjалникот е лоциран на длабочина од 5 метри, над Мостот на Желбите. Изваден е и депониран на соодветно место, напиша нуркачот Никола Паскали од Нуркачкиот Центар „Акватек“.
Претходно од езерото беше изваден бојлер, плочки, када и скоро се’ што е потребно за едно WC. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Акватек
Прочитано: 35