февруари 12, 2022

Охрид, 12. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нови булевари, училишта, градинки, пречистителни станици и паркови во првите 100 дена од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата од каде додаваат дека си нивните градоначалници промените се видливи и ќе продолжат посилни и во иднина.

– Охрид ќе добие нов булевар, а во Битола се реконструира стадионот. Ново училиште во Илинден, канализациона мрежа во Гази Баба и Кисела Вода, исчистена голема депонија во Ново Село, пречистителна станица во Ракотници, Сопиште, поставување на фотоволтаици на основните училишта и дел од градинките на територија на општина Аеродром, реконструирано игралиште во Бутел, исчистени диви депонии, се само дел од проектите во Скопје и скопско за првите 100 дена. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија, асфалтираат нови улици, поставуваат нови канализациони и водоводни системи, потенцираат од партијата.

Пецаков: „Македонски просветители“ ќе биде комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти

Изградбата на булеварот „Македонски просветители“ официјално започна на 21-ви ноември 2021 година, откако документационо беше завршен во изминатиот период, порача на почетокот на работите тогаш новиот градоначалник на Охрид д-р Кирил Пецаков.

– Во моментов само ќе тендерираме уште две работи кои што не беа завршени по однос на документација и бидејќи проектот ќе биде во изградба, односно рокот е шест месеци тековно ќе ги средиме документите и самиот тендер за осветлување, истакна тогаш Пецаков.

Фунцијата градски татко Пецаков ја презеде на 8-ми ноември 2021 година и дојде на местото на д-р Константин Георгиески, кој ја предводеше општината во изминатите две и пол години. Уште од стартот наметна отвореност во работата на општината, достапност и флексибилност во решавањето на секојдневните предизвици.

До победата Пецаков стигна како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 16.980 гласови или 54,63%. Неговиот противкандидат, д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 13.161 гласа, односно доби доверба од 42,34% од гласачите.

– Никогаш нема да ве разочарам. Поминавме две недели во кои оваа власт ни покажа зошто треба да замине. Хибридниот режим е поразен во цела Македднија. Се соочивме со многу притисоци за кои најдовме начин како да ги надминеме. Не потценија, но ние работевме и знаевме дека ќе дојде денот кога ќе кажеме дека Охрид и Македонија победија. Нема место во Охрид, без разлика кој живее – сите ја дадоа поддршката и бескрајно сум Ви благодарен за тоа. Од првиот ден ќе работам за сите граѓани. Ние црната камапања ја оставивме настрана. Најдовме иновативен начин да ги претставиме идеите и проектите и покажавме дека Охрид е подготвен за нов систем за работа. Ќе имаме наскоро нова Влада предводена од новиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. И 17-ти и 31-ви октомври беа референдумско изјаснување на народот – дали треба кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да биде градоначалник, но и референдум и против најголемото зло во Македонија, а тоа е Зоран Заев. И покрај сите напори на многу луѓе да не успее ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, ние победивме. Победи народот на Охрид, победи обичниот народ, порача Пецаков по победата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

поврзани теми:

Јованоски: Во овие 100 дена ништо не е ниту започнато со реализација, а камо ли реализираноВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ единствено се способни за враќање на нивните долгови и исплаќање на високи камати преку договарање во четириОпштина Охрид: По наредба на централата, од СДСМ Охрид излегоа на прес конференција, заврши времето на популистички изјави и евтин маркетинг

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука