септември 13, 2017

Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4354

Охрид во 10 на 13. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 13.09.2017 година

– Денес во Охрид сончево време со умерена облачност и температура до 25. степени

– Традиционален марш „Аргир Маринче“ (фото)

– Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“ во Охрид

– На ФТУ – Охрид ќе можат да се запишат 17 кандидати за докторски студии

– Преку „ИноПлатформа“ ќе се зајакнува конкурентноста и иновативноста на компаниите

– Д-р Митко Тилев ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

– Во сабота ќе се врши авио запрашување против комарци

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука