Охрид, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 02.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 02.03.2017 година
– Стапката на слободни работни места е 1.32%, во Охрид најмногу места за вработување има во трговијата и транспортот
– Охриѓанка повредена во сообраќајка која се случила на улицата „Јане Сандански“
– Лице од Охрид се сомничи за пуштање во оптек на фалсификувани банкноти од 1.000 денари
– Поднесена е кривична пријава за Охриѓанец, кој бил фатен со дрога во Струга
– До средината на мај трае пријавување во однос на повикот за користење средства за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата
– Атињани го „сардисаа“ Охрид
– Од денес во Павилјонот Цвијета Зузориќ во Белград ќе биде поставена заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и охридскиот сликар Мирослав Масин, со наслов „Горе длабоко – Долу високо“
– Втор ден протестен марш во Охрид за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“