мај 2, 2017

Охрид, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_1405
Охрид во 10 на 02.05.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 02.05.2017 година

– Денес во Охрид преовладуваше сончево време, температурите во пораст

– На охридскиот аеродром пристигна првиот сезонски лет за 2017 од Амстердам

– Светлана Вељаноска, учесник во шоуто Ohrid SUPERSTAR во интервју за Супер радио вели: Музиката во мојот живот е хоби, а во иднина се надевам дека ќе биде и професија

– Се одржа предавање со претставници од Царинска управа на Факултетот за Туризам и Угостителство

Денот на реката Дрим годинава со активности и во Охрид

Охридските матуранти се подготвуваат за играње на „Квадрилот”

– Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“

– Од утре до 5 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во  Охрид ќе се одржи 19 –то издание на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче 2017“

– Од полноќ намалување на цените на нафтените деривати

– Жител на Вевчани бесправно градел во Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука