Охрид, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 21.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 21.03.2017 година
– Дел од граѓаните на Охрид реагираат дека општинските служби селективно ја вршат својата работа и се пожалија на состојбата на дел од патната инфраструктура во градот
– Се одбележува Светскиот ден на социјалната работа, Јулијана Настоска од „Опција“ со апел: Оваа професија треба да се сфати сериозно и одговорно
– Наставници од ОУ „Григор Прличев“ реализираа посета на ОУ „Песница“ од Марибор, Словенија
– Децата од градинката на плоштадот го одбележаа доаѓањето на пролетта
– Со нова брошура и туристички филм со мотиви од Охрид, Македонија ќе се претставува на туристичкиот пазар
– Имаше повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на повеќе улици
– Со стихови на руските поетеси Ахматова и Цветаева во Охрид беше одбележан Светскиот ден на поезијата
– КУД „Ѓердан“ учествува на меѓународна манифестација во Истанбул
– Горивата поевтинија за 2 денари за литар