април 22, 2017

Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_1255
Охрид во 10 на 22.04.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 22.04.2017 година

– Охридското INSIDE интернет кафе пред најмладите ја промовираше брошурата за заштита на интернет

– Еколозите со предупредување дека охридскиот крап со години е цел на безмилосно ловење

Климент Србиноски во интервју за Супер радио:  „Тамаро“ маркети се пример за добра проценка на патот на успехот

Заклучоци од 18-та конференција во Охрид на Македонска берза:  Состојбите на берзанското тргување во Македонија се задоволителни

– На саемот за туризам во Косово, ставен акцент на  Охрид како дестинација

– Проф. д-р Рубин Земон: Раскинатите научни врски помеѓу универзитетите од земјите на поранешна Југославија, се обновуваат со големи напори

Прва сабота по Велигден – посветена на покојните

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука