февруари 22, 2017

Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

ohridvo1022022017Охрид во 10 на 22.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

инфо: 22.02.2017 година

– Во Куманово приведен убиецот на 67- годишната охриѓанка, бил со намера да ја напушти државата

– „Чист Охрид“ ја реализираше 20-та акција, повторно се чистеше на патот кон Рамне

– Цветен пазар ќе никне во центарот на градот

– На денешен ден  во 1878 година во Охрид е роден Христо Узунов

– Во Куќата на Уранија во Охрид беше промовирана поштенската марка што започна да се издава во Руската Федерација

– Минатата година 3 татковци од Охрид користеле  породилно боледување, покажуваат податоците од Фондот за здравство

– Најавена  премиерата на фестивалот Reel Rock 11 во Скопје, каде ќе се прикажува филмот за алпинистичкото достигнување на Илина Арсова на највисокиот врв на Северна Америка, Денали

– „Гладијаторите“ славеа во Грција – Охрид со лесен триумф над Одеса

– Клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец викендов ќе учествува на меѓународен турнир Србија Опен 2017

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука