јуни 26, 2017

Охрид, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_2377
Охрид во 10 на 26.06.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 26. 06.2017 година

– Во Охрид денес сончево и многу топло, температура до 30. степени

Сообраќајка на улицата „Јане Сандански“, нема повредени

– Повторно земјотрес во Охрид, магнитуда од 2,8 степени

– Скопјанец крадел пари, мобилни, видео камери и облека од автомобили кај Музејот на вода и во „Св. Наум“

– Спасениот давеник кај Пештани префрлен на „КАРИЛ“

– Нов земјотрес во Охрид, втор во само 12 часа, сега со јачина од 3,6 степени

– Во Охрид формирано Здружение на граѓани „Совест

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука